Новости

Македонија

Две лица починаа на Инфективна клиника, уште четворица хоспитализирани од непозната заразна болест

Две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести. Тие биле донесени во Клиниката во тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање. На Клиниката во моментов се хоспитализирани четири лица од истиот регион со полесна клиничка слика, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство Звонко Миленковиќ.

Лекарите се сомневаат на повеќе болести, меѓу кои хеморагична треска и туларемија – заразни болести кои се пренесуваат од животни преку крлежи.

Тој посочи дека починатите се од машки пол, на возраст од 50 и 23 години и биле во роднинска врска.

– Станува збор за фебрилна состојба со засегната функција на црниот дроб, бубрезите и коагулациските фактори, рече Миленковиќ.

– Инфективната патологија подразбира голем број различни заболувања, меѓу нив и такви кои може да се пренесуваат на човекот и да предизвикаат болест. Во конкретниот случај не станува збор за болести кои имаат висок степен на трансмисивност меѓу луѓето. Од тука не гледам причина за создавање паника или несигурност меѓу луѓето, нагласи Миленковиќ.

 

Евротип
SNBROKER
To Top