Новости

Македонија

Дедото на Тамара осуден на една година затвор

Велешанецот Љупчо Стојановски, дедо на малата Тамара е осуден на една година ефективна казна затвор. Оваа одлука ја донесе Апелацискиот суд, откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) поднесе жалба по пресудата на Основниот суд, условна казна затвор за поседување оружје.

За 11 јули 2018 година се закажани завршните зборови за второто кривично дело „обид за убиство“ за кое што е обвинет Стојановски.

Тој на први јуни 2017 година година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров кој во пукањето не беше повреден.

GOLD
GoldSlot
To Top