Новости

Македонија

Денеска Свети маченици Маркијан и Мартириј врз чии мошти Св. Јован Златоуст изгради црква

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 октомври. Денеска Св. маченици Маркијан и Мартириј.

По заминувањето на цар Константин од овој свет, на римскиот престол дојде Констанциј, неговиот син. Тој се имаше приклонето кон ариевата ерес. Во тоа време аријанците успеаа да го сменат правоверниот цариградски патријарх Павле и на негово место да доведат епископ-аријанец. Овие Маркијан и Мартириј служеа во време на Павле во соборната црква.

Аријанците прво се обидоа да ги потплатат и да ги привлечат кон себе, а кога овие одбија, ги осудија на см*т. Свети Маркијан и Мартириј пострадаа маченички за Христа во 355 година. Подоцна, свети Јован Златоуст изгради црква врз нивните мошти.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Енгелберт.

Роден е во крајот на единаесеттиот век. Во младоста бил вмешан во политичките борби во Германија. Кога бил избран за Келнски надбискуп се обидувал да спроведе ред и мир, и да ја зајакне верската состојба во Германија. Бил убиен од неговите противници, на 7.11.1225 година. По неговата смрт бил прогласен за светец. Му се молат верниците за ред и мир.

 

GOLD
To Top