Новости

Македонија

Денеска во Собранието ќе се гласа за доверба или недоверба на Владата

Денеска во Собранието на Република Македонија на дневен ред е барањето за гласање доверба на Владата кое е поднесено од опозициската ВМРП ДПМНЕ.

Партизирани институции, нарачани убиства, селективна правда – во поднесеното Барање за гласање доверба на Владата, опозицијата стокми критика за речиси сите министерства.

“Граѓаните секојдневно се жртви на грабежи, обиди за убиства, убиства, рекетирање и насилства кои минуваат неказнето. Секојдневно сме сведоци на скандали и афери поврзани со работата на Министерството за внатрешни работи. Прикривањето на убиства и криминал стана главна задача на МВР“ –  критикува Вмро-Дпмне.

На тапет, меѓу другите, е и Министерството за здравство.

“Владата од своето доаѓање на власт за многу кратко време успеа да направи хаос во здравствениот систем, проследен со голем број на скандали и смртни случаи. Владата не направи ништо за здравството и не исполни ниту едно свое ветување“ – се вели во Документот со кој ќе се бара гласање доверба на Владата.

Се обвинува дека во изминатите десет месеци владејачките партии заборавиле на предизборните партиски програми и ветувања кои ги дале пред граѓаните и не оствариле ниту еден единствен проект и реформа со кои ја бараа довербата од граѓаните.

Единствени проекти, како што стои, што Владата ги спроведе во изминатиот период се нагло партизирање на институциите, бркање од работа на професионалците од институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со пари на граѓаните, политички реваншизам и слично.

Собраниската расправа денеска треба да заврши до полноќ, без разлика на бројот на пријавени пратеници за дискусија. За  изгласување недоверба на кабинетот на Зоран Заев ВМРО-ДПМНЕ треба да обезбеди најмалку 61 глас. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски неодамна изјави дека очекува да се изгласа недоверба на Владата, и да се организираат предвремени парламентарни избори.

Евротип
Евротип
To Top