Новости

Македонија

Денеска е Преподобна Макрина

Света Макрина беше сестра на двајца познати и славни светители Василиј Велики и Григориј Ниски.

Во својата младост таа беше свршена со некое момче што умре уште пред да се земат, а Макрина се заветува никогаш да не стапува во брак, велејќи: не е право девојка свршена со еден свршеник да се земе со друг; според природниот закон треба да има едно сопружништво, како што има едно раѓање и една смрт.

Таа тоа го правдаше уште и со верата во воскресението, не сметајќи го својот свршеник мртов, туку жив во Бога: грев е и срамота сопругата да не ја сочува верноста кога сопругот ќе и замине во некоја далечна земја. И понатаму целиот живот го помина во длабоко богомислие и подвиг. Се упокои во 379 година, набргу по упокојувањето на својот брат Василиј.

GOLD
To Top