Новости

Македонија

Денеска е Света Сузана – Што значи името Сузана и зошто е важно да ја имате во животот

Денеска именден слават оние кои се викаат Сузана, на празникот Света маченичка и девица Сузана.

Сузана е женско библијско име (Шошана) и има значење на лотосов цвет. Персијското име е Саусан (Sausan). Некои верувања велат дека името Сузана е со еврејско потекло. Значење на името е крин, ружа. Затоа за овие жени се вели дека нежни како цвет. Коренот на зборот означува: радосна, весела, светла. Затоа е убаво да имате некоја блиска личност по име Сузана во животот, велат верувањата.

Сузана е едно од десетте најчести имиња во Македонија според статистиката.

Света Сузана била ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј биле од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана му била предадена на Господ Христос и не сакала воопшто да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера. Лут поради ова, царот нареди џелатите да ги одведат Клавдиј и Максим со нивните семејства во Ости, каде што ги изгореа на оган и пепелта од нив ја фрлија во морето. Сузана пак, беше убиена со меч во куќата на Гавиниј.

GOLD
To Top