Новости

Македонија

Денеска е Св. маченик Варлам и св. пророк Авдиј

Свети Варлам беше Антиохиец. Заради верата во Христос како Бог, беше изведен пред суд и мачен. Најпосле, мачителите на дланката му истурија жар, а одозгора ставија темјан, сакајќи да го натераат да го фрли жарот со темјанот пред идолите, па така да го натераат да ги окади. Но, Варлам долго го држеше жарот во дланката, додека дланката сосема не му изгоре. Потоа, свети Варлам издивна од големата болка и го прададе својот дух на Бога. Пострада во 304 година. Денес Црквата го слави и свети пророк Авдиј, кој живееше 900 години пред Христос.

Се верува дека на секој кој денеска ќе оди во црква и ќе запали свеќа, и ќе му се помоли на светецот, ќе му бидат слушнати и исполнети молитвите и скратени маките.

GOLD
To Top