Новости

Македонија

Денеска е Св. маченик Парамон и други маченици

Свети Парамон и другите 370 маченици пострадаа во текот на едно од најжестоките гонења на христијаните од римската власт во времето на императорот Декиј (249-251).

Во малоазиска Витинија, некој си кнез Аквилин одведе врзани 370 христијани во храмот на Посејдон и ги принудуваше да му се поклонат на идолот, во спротивно заканувајќи им се со смртна казна. Покрај местото поминуваше некој чесен маж Парамон. Кога виде што станува, јавно го прекори безумството на кнезот. Овој се разгневи и го погуби чесниот Парамон, а по него и сите 370 христијани.

GOLD
To Top