Новости

Македонија

Денеска е Спомен од појавувањето на чесниот крст во Ерусалим

Од верските календари 20 мај 2019

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 мај.

Денеска е Спомен од појавувањето на чесниот крст во Ерусалим. Денес се празнува споменот за појавата на чесниот крст во девет часот наутро над Голгота. Чесниот крст се појави на небото и се простираше се до Маслиновата гора, во времето на партијархот Кирил и во времето на царот Констанс кој беше наклонет кон аријанската ерес. Со ова чудесно појавување на крстот кое се случи на денешен датум во 357 година, се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања, туку во силата божја покажана преку чудата и неброените знаци.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Бернардин Сијенски. Бил роден во 1380 година, во Сиена. Се запишал во сеучилиштето во Сиена. Како студент, поради големите способности им помагал на луѓето кои биле болни од чума. Кога тој се заразил од чумата, почнал сериозно да размислува за животот. Господ му помогнал и тој оздравел. Го продал својот имот и парите им ги дал на сиромашните. Стапил во редот на фрањевците каде бил познат како проповедник и светец. Свети Бернардин умрел во 1444 година. ОД

ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19 часот и 58 минути, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 4 минути.

Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.

GOLD
To Top