Новости

Македонија

Денеска е важен датум за НАТО-перспективата на Македонија

НАТО денеска во седиштето во Брисел ќе го потпише протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, по ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парамент на крајот од минатиот месец. На состанокот ќе присуствуваат сите ополномоштени амбасадори на земјите-членки, а говор треба да одржи шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

“На 6 февруари ќе пишуваме историја: НАТО сојузниците ќе го потпишат протоколот за пристапување со идната Република Северна Македонија, заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров”, рече Јенс Столтенберг во својот пост на Твитер во саботата.

Подготовката на Протоколот за пристапување кон НАТО во Македонија е во тек, објави Министерството за надворешни работи. 

“Откако формално ќе биде потпишан протоколот за пристапување, ќе започне следната фаза од процесот на пристапување, по што ќе биде проследено со ратификација на протоколот во националните парламенти на земјите-членки на НАТО”, соопшти МНР.

Минатиот месец македонското Собрание одобри измена на четири амандмани на уставот за преименување на земјата во Северна Македонија, исполнувајќи ги обврските на Скопје според договорот. На 18 октомври, НАТО започна официјални разговори за пристап со Македонија. Македонија и Грција го потпишаа Преспанскиот договор за промена на името во јуни.

GOLD
To Top