Новости

Македонија

Денеска и утре Апелацискиот суд ќе одлучува за затворот на Груевски

Денеска и утре судии од Апелацискиот суд Скопје ќе одлучуваат за жалбата на Никола Груевски за предметот „Тенк” за набавката на луксузниот „мерцедес”. Во овој предмет Груевски е осуден на две години затвор. Денешната седница ќе почне во 9,30 часот.

Судијката Добрила Кацарска од Кривичмниот суд Скопје за „Тенк“ донесе пресуда од 2 години затвор за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ за Никола Груевски, а Ѓоко Поповски од МВР за злоупотреба на службената положба и овластувањето беше осуден на 6,6 години затвор.

Во октомври годинава за ова кривично дело ако нема правосилна пресуда предметот застарува.

GOLD
To Top