Новости

Македонија

Денеска локален пороен дожд и грмежи

Денес е вторник, 16 мај 2017 година, 136-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 5:11, а ќе зајде во 19:49 часот. Денот ќе трае 879 минути.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 20 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.

Во среда се очекува да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе биде посилен. Во следнава недела утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе се во пораст.

Евротип
SNBROKER
To Top