Новости

Македонија

Денеска нови рочишта за случаите „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“ и „Титаник 3“.

Рочиштето за предметот „Титаник” за изборни нерегуларности треба да продолжи со преслушување на „бомбите“ од доказниот материјал на Специјалното јавно обвинтелство. Во овој предмет предложени се повеќе од 1.000 аудио снимки.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Судењето за предметот на СЈО „Титаник 3“,  во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“ денеска продолжува со сведочење на нови сведоци.

Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ.

GOLD
To Top