Новости

Македонија

Денеска одлука за мандатот на Груевски

За денес е закажана седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Никола Груевски лани избега во Унгарија каде доби политички азил.Седницата ќе ја води потпретседателката, Снежана Калеска Ванчева, а беше закажува бидејќи пратеникот неоправдано отсуствувал повеќе од шест месеци.

Седницата за одземање на мандатот на Груевски, започна минатата недела, но не заврши поради оставката на пратеникот Павле Богоевски. Тој изјави дека ќе поднесе оставка откако ќе му биде одземен мандатот на Груевски.

За одземање на мандатот на Груевски на пленарна седница потребно е двотретинско мнозинство, односно за тоа да гласаат 80 пратеници.

Вчера ИК на ВМРО-ДПМНЕ им препорача на нивните пратеници да гласаат според Уставот и законите. ,,Апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието да постапат на начин на кој неселективно ќе ги почитуваат законите и Уставот и во случајот со пратеникот Никола Груевски. Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на Никола Груевски, тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието да постапат согласно законите и Уставот”, соопшти партијата.

GOLD
To Top