Новости

Македонија

Денеска пресуда за настаните од 27 април

Денеска ќе биде донесена првостепената пресуда за настаните во Собранието на 27 април.

Поранешниот директор на УБК, Митко Чавков, не побара амнестија со законската можност, а пред три дена беше приведен во притвор поради наводна дојава дека ќе бега во својата вила во Халкидики. Меѓу оние кои не побараа амнестија се и оперскиот пејач Игор Дурловски, инаку тогашен организатор на протестот „За заедничка Македонија“. Душко Лазаров, Јане Ченто и Игор Југ. се преостанатите кои не побараа амнестија.

Александар Василевски – Нинџа, кој имаше влијателно сведочење, е меѓу оние кои побараа амнестија, а не добија се Горан Јошевски – Леви, Горанче Ангеловски – Ќосето, Никола Митревски – Кољо, Абдуљфета Алими, Митко Пешов, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Младен Додевски, Вилијам Михајловски, Влатко Трајков и Оливер Поповски.

Станува збор за 17-те преостанати за кои Кривичен суд ќе донесе одлука. Претходно 15-мина добија амнестија, искористувајќи ја новата законска можност.

На извршителите во овој процес јавното обвинителство им ги придодаде и петмина организатори на настаните од 27 април: Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошковски.

GOLD
To Top