Новости

Македонија

Денеска продолжува собраниската расправа за уставните измени

Денеска  напладне продолжува собраниската седница на чии дневен ред се уставните измени  согласно преспанскиот договор.

На вчерашното продолжение од  седницата  Мицкоски со писмо побараа да му се даде можност  да говори пред пратениците, што веднаш беше одбиено од спикерот Џафери.

Ова беше доволен повод  повеќе од половина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од дискусија.

Претходно во расправата за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ договорот од преспа е штетен и политички и правно мртов, а при неговото склучување имало  непочитување на претседателот и законските одредби од уставот и деловникот на собранието, додека за парламентарното мнозинство не може да има подобар договор од овој и ако се отфрли на Македонија и се заканува долгогодишна изолација и стопирање на интеграцијата во НАТО и ЕУ.

СН Брокер
To Top