Новости

Македонија

Денеска продолжува судењето за Диво Насеље

Денеска продолжува судењето за Диво Насеље . Првостепено осудените 33 лица за крвавата престрелка во кумановската населба ,во која загинаа 8 полицајци,  денеска повторно треба да влезат во судница.

Овојпат, на седница на второстепениот суд, апелација, каде тие ги обжалија пресудите на Основниот суд Скопје 1.

Судскиот процес пред првостепениот суд започна на 9 февруари 2016 година, а пресудата кривичен ја изрече на 2 ноември 2017. Седумина од обвинетите добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години. Четворица добија ослободителни пресуди пренесува канал5.

GOLD
To Top