Новости

Македонија

Денеска се празнува Свети Стилијан – покровител на децата

Пафлагонец, сонародник и современик на свети Алипиј. Имаше преголема љубов кон Господ Исус Христос и заради оваа љубов се предаваше на големи подвизи. Се одрече од сè, само за да има неподелена љубов кон Господа. Пред смртта ангелите се јавија за да му ја земат душата и лицето му заблеска како сонце. Беше голем чудотворец за време на животот и после смртта. Им помага особено на малечките деца и на бездетните родители.

GOLD
To Top