Новости

Македонија

Денеска се празнува Св. великомаченик Теодор Стратилат и женскиот празник „Тримир“

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 февруари.

Денеска е Св. великомаченик Теодор Стратилат.

Свети Теодор живееше и пострада во четвртиот век, кога управата во Рим беше поделена на царевите Константин и Ликиниј. Последниов владееше со источниот дел. Во тоа време Теодор, прочуен по својата мудрост и храброста, беше војвода на градот Ираклија. Сакајќи да го погуби, безбожниот Ликиниј дојде во Ираклија и на плоштадот на градот побара војводата да положи жртви пред идолите што самиот си ги имаше донесено. Свети Теодор го одложи жртвувањето за два дена, за време на кои ги раскрши златните и сребрени идоли и ги раздаде на сиромашните. Кога Ликиниј дозна за тоа го стави војводата на големи маки и најпосле му ја отсече главата.

Третиот ден по „Прочка“ и трет ден од почетокот на големите, велигденски пости се нарекува уште и „Тримир“. Денеска е „женски“ празник. Посветен на мајките, ќерките, на новите поколенија.

На „Тримир“ се носат подароци, а на трпезата има од сѐ по нешто посно. Главно, посно гравче и сарма, овошје, пред сѐ, портокали, потоа боза (ова е за доилките, да имаат млеко за бебињата), зелник, благи работи, кравајчиња…. Домаќинката „држела Тримир“ (три дена не јаде, ниту пие), а жените што доаѓаат на гости кај неа ѝ носат подароци.

Евротип
Евротип
To Top