Новости

Македонија

Денеска сонце и максимални 19 степени, натпросечна температура и во следните денови

Сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми, а во крајните југоисточни делови ќе има услови за локален дожд, е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура од 19 степени треба да биде измерена во Гевгелија. Во Штип до 16, Скопје и Охрид – 15, Битола – 14…

За утре се очекува променливо облачно време, во југосточните делови со повремен дожд и повторно со натпросечна температура за овој перид од годината од 18 степени. В сабота времето треба да биде променливо облачно со сончеви периоди и со максимална температура од 17 степени. За в недела и в понеделник, пак, се очекува променливо облачно време, во јужните делови со повремен дожд и со максимални 17 степени в недела и 16 в понеделник.

GOLD
To Top