Новости

Македонија

Денеска сончево и толо, за викендот се најавува обилен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 17 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната температура до 27 степени.

Во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. И во почетокот на наредната седмица ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.

Evrotip
Евротип
To Top