Новости

Македонија

Денеска сончево и топло со северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје и Кавадарци максималната дневна температура ќе достигне 33 Целзиусови степени, во Дојран 34, Битола 30, Охрид 28, Маврово 25, Берово 27, Крива Паланка 29…

Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни. Дневните температури ќе се движат од 27 до 34 степени.

И во четврток и петок во попладневните часови ќе имаме нестабилно време, со локални врнежи и грмежи. Дневните температури ќе се движат во интервал од 26 до 33 степени.

Евротип
Евротип
To Top