Новости

Македонија

Денеска сончево и топло, утре попладне пороен дожд

Денеска времето во целата земја ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 36 Целзиусови степени, Маврово 27, Охрид 30, Битола 32, Кавадарци 36, Крива Паланка 32, Берово 29, Дојран 37 степени.

Прогнозата за утре е сончево и топло, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 9, а дневните температури во Скопше 36, Маврово 28, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 37, Крива Паланка 33, Берово 30, Дојран 38.

GOLD
To Top