Новости

Македонија

Денеска сончево со умерена облачност

Времето во Република Северна Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 10 и 18, а дневната ќе достигне од 20 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Од петок времето ќе биде стабилно и суво, до недела со умерен до засилен ветер од северен правец.

GOLD
To Top