Новости

Македонија

Денеска сончево, утре студено со дожд, снег и ветер

Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, најавуваат од утре метеоролозите.

Облачноста ќе почне да се зголемува во вечерните часови почнувајќи од север и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни. Ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата,па во втората половина од ноќта врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Утринската температура ќе се движи од минус три до пет степени, дневната од минус два до осум степени.

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

 

GOLD
To Top