Новости

Македонија

Денес и утре сончево, од недела промени во времето

Денеска времето ќе биде сончево, со ниски утрински температури. Највисоката дневна од 9 степени треба да биде измерена во Гевгелија. Во Скопје и во Штип до 5, Охрид до 4, Битола до 3 степени…

Таква е прогнозата на УХМР за денеска. В петок и в сабота ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст и в сабота ќе достигнат до 14 степени. Под влијание на влажен бран, во текот на ноќта сабота кон недела и в недела преку денот ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег, а вдолж Повардарието од дожд и снег. Слаб снег ќе провејува и в понеделник претпладне.

GOLD
To Top