Новости

Македонија

Денес облачно со пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. Се очекува на места да наврнат над 35 л/м2 дожд. Во вечерните часови врнежите ќе престанат.

Утринската температурата ќе се движи од 12 до 18, а дневната температура од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 15, а дневната температура ќе достигне до  29 степени.

Во недела попладне на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен јужен ветер.

Потоа во првите денови од наредната недела повторно во попладневните часови ќе има појава на нестабилност, но ќе биде полокализирана и повеќе ќе биде застапена во планинските подрачја.

GOLD
To Top