Новости

Македонија

Денес продолжува судењето за изборни нерегуларности „Титаник“

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува денеска во Основниот кривичен суд Скопје.

Ова е трето рочиштте за „Титаник“ неделава по едномесечната судска ферија.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

GOLD
To Top