Новости

Македонија

Денес променливо облачно и нестабилно, со најава на град и силен ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 15 до 23 степени.

До сабота подрачјето на Македонија ќе се задржи под влијание на серија влажни воздушни бранови, така што времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Утре ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Температурата ќе се движи од 14 до 21 степен. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани, преку денот ќе има и сончеви периоди, но ќе дува засилен северен ветер.

GOLD
To Top