Новости

Македонија

Денес се празнува „Свети Никола“

Денеска е Свети Николај архиепископ Мирликиски,19/6 XII, зaштитник на патниците и на морепловците.

Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат свети Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености.

Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина..

Евротип
SNBROKER
To Top