Новости

Македонија

Денес се празнува споменот на Светата маченичка Фотина

Фотина (Светлана) е жената Самарјанка која ја имаше ретката среќа да позборува со Самиот Господ Христос, на Јакововиот извор кај Сихем (Јн. 4). Откако поверува во Иисуса Христа, таа тргна да го проповеда Евангелието заедно со своите двајца синови Виктор и Јосија и со петте сестри, коишто се викаа: Анатолија, Фота, Фотида, Параскева и Киријаки (Недела). Тие дојдоа во Картагена во Африка. Во времето на царот Нерон ги осудија и ги доведоа во Рим, па ги фрлија во затвор. По Божја Промисла, Домнина, ќерката на Нерон, дојде во допир со светата Фотина и ја прими Христовата вера. После затворот сите пострадаа за Христа. Фотина ја фрлија во бунар и таму го заврши земниот живот влегувајќи во бесмртното царство на Господ Христос.

GOLD
To Top