Новости

Македонија

Детали за грозморното убиство во прилепско: Го намамил со оглас за возило и го убил

Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп му одреди 30 дена притвор на Енвер Тоска (24) полицаец од Битола, против кого Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Осомничен е дека зачера го убил сопственикот на локална продавница, инаку негов пријател Бекир Алили со службениот пиштол, а потоа неговото тело го запалил.
Тоска откако бил приведен го признал злосторството.

Го намамил со оглас за возило

-На 14.09.2018 година околу 12.00 часот пријавениот го контактирал сега покојниот А. Б. (36) во с.Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, сопственост на лицето Ј.С. од Битола.

Двајцата контактирале преку пораки од социјалната мрежа „Facebook“ при што се договориле истиот ден околу 14.30 часот А.Б. да го види возилото, кое од страна на пријавениот му било понудено за продажба за сума од 3.600 евра. Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде што наводно требало да ги чека сопственикот на возилото. Откако стигнале во атарот на с.Беловодица двајцата излегле надвор од возилото. Во еден момент Е.Т. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми кон покојниот А. Б., кој бил усмртен на лице место. Е.Т. од А.Б. одзел една чантичка во која имало 4.000 евра, пари кои биле предвидени да му ги плати на сопственикот на возилото. Потоа, извадил шише со бензин и црна капа која му ја ставил на лицето Бекир А. и го запалил.Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола, соопштија од МВР.

Безживотно тело на Бекир А., е пронајдено вчера на локалниот пат што води од Плетвар кон прилепското село Беловодица. Случаен минувач го пријавил случајот

Тоска притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје.

Извор: НоваТв

GOLD
To Top