Новости

Македонија

Детали за трагичната несреќа на патот Битола – Прилеп

На 07.12.2018 година во 20,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп–Битола кај с.Вашарејца, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Мерцедес“, со битолски регистерски таблици, управувано од Д.С.(38) од Неготино, патничко моторно возило „Ауди А6“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Џ.И.(34) од од с.Канатларци-прилепско и патничко моторно возило “Голф“ со ресенски регистерски таблици, управувано од С.Т.(37) од Ресен.

Во сообраќајната незгода на местото на настанот починале возачот Џ.И. и сопатникот од истото возило А.И. (27) од с.Канатларци-прилепско. Со телесни повреди се здобил другиот сопатник од возилото “Ауди А6“, Р.М.(30) од с.Канатларци-прилепско и возачот Д.С. Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

GOLD
SN Finansii
To Top