Новости

Македонија

Дете се наоѓа во кома на КАРИЛ по пад од лулашка

Едно дете се наоѓа во кома на КАРИЛ, откако викендов што помина во кругот на основното училиште Димо Хаџи Димов во скопската населба Влае се повредило играјќи си на таканареченото игралиште за инклузивност, пренесе Skopjeinfo.mk 

Малиот Ангел, од 7б одделение во ОУ „Димо Хаџи Димов“, играјќи си на игралиштето во кругот на училиштето се здобил со тешка телесна повреда, и во моментот е на КАРИЛ во коматозна состојба.

До повредата дошло откако на игралиштето кое е наменето за деца со хендикеп, малиот Ангел влегол и почнал да се лула на лулашка која е наменета за деца во количка. Ова значи дека лулашката е поголема од стандардните и тешка неколку стотина килограми. Ненадгледуван од никого, Ангел почнал да се лула кога ја заглавил ногата во лулашката и паднал, а до повредата дошло кога седиштето кое е предвидено да собере количка за хендикепирани лица се вратила назад и го удрила момчето во пределот на вилицата, по што тој изгубил свест.

GOLD
To Top