Новости

Македонија

Димитров: Најмалку што ЕУ ни должи е да биде јасна кон нас

Ако не постои веќе консензус за европската иднина на Западниот Балкан, ако ветувањето од Солун во 2003 повеќе не важи, граѓаните заслужуваат да знаат, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на Твитер.

– Благодарност до сите лидери кои се бореа напорно за ЕУ да отвори пристапни преговори со нас, признавајќи го и зацврстувајќи го со тоа историскиот Договор од Преспа, охрабруваќи ги домашните реформи и европскиот наратив во С. Македонија, земја-кандидат веќе 14 години. Додека чекаме да се постигне консензус, ние мора да продолжиме да ги браниме вистинските европски вредности дома, наведува Димитров.

GOLD
To Top