Новости

Македонија

Димитров во САД на средби со МекМастер, Бојл и Олбрајт

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамки на посетата на САД оствари средби со советникот за национална безбедност на претседателот на САД Херберт Рејмонд МекМастер, конгресменот Брендан Бојл и со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт.

Министерството за надворешни работи соопшти дека на заедничкиот состанок на министрите за надворешни работи од Регионот со советникот за национална безбедност на претседателот на САД, МекМастер, станало збор за регионалната соработка, безбедносните предизвици и евроатлантската иднина на Балканот.

– Членството на Република Македонија во НАТО ќе ја зацврсти стабилноста на целиот Балкан, а тоа е заеднички интерес и на Македонија, и на Балканот, и на Европа и на САД, истакна шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров за време на состанокот со МекМастер.

На средбата со копретседавачот на групата за пријателство со Република Македонија во Конгерсот на САД Брендан Бојл, Димитров побарал поддршка од Конгресот за реализација на стратешките цели на државата.

Посетата на САД е заокружена со средба со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт на која се разговарало за актуелните состојби во Македонија и регионот, за средбите кои ги остварил во рамките на работната посета на Вашингтон, како и за глобалните политички случувања./МИА

GOLD
GoldSlot
To Top