Новости

Македонија

Договорот со Грција следната недела пред пратениците

Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери најави дека седницата на која повторно ќе биде ратификацијата на Договорот со Грција ќе биде закажана за 5 или 6 јули.

Доколку и вториот пат шефот на државата одбие да го потпише указот, спред зборовите на Џафери, едно од можните решенија е Договорот со Грција да биде испратен во „Службен весник“ на објавување без потпис од шефот на државата, заедно со Законот за јазиците, кој исто така не го потпиша.

Џафери сепак „оставил простор“ претседателот Иванов да се предомисли и да го потпише ратификуваниот договор со Грција, како што кажал, во овој „историски момент за државата“.

Иванов на 26 јуни го извести Собранието дека одлучил да не го потпишува указот за прогласување на Договорот со Грција , кој парламентот го ратификуваше на 20 јуни со 69 гласа „ЗА“, без присуство на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Претходно неколку пати повтори дека тој документ никогаш нема да го потпише „без разлика на сите притисоци , закани и уцени“.

GOLD
To Top