Новости

Македонија

Додека собирал старо железо, во кеса пронашол муниција

На 19.05.2019 година околу 14.40 часот во Полициската станица Струга, Ф.М.(52) од Битола пријавил дека на регионалниот пат Струга-Подмоље, покрај река Сатеска, на околу 50 метри од мостот, додека собирал старо железо, во кеса пронашол муниција. Полициски службеници излегле на местото, извршиле увид, при што било констатирано дека во кесата имало околу 130 куршуми од разен калибар и пет испукани патрони за ловна пушка.

GOLD
To Top