Новости

Македонија

До петок ќе се знае дали ќе има двојни избори

Надворешната политичка агенда уште еднаш ја пролонгира одлуката за предвремени парламентарни избори за до крајот на оваа недела.

Активностите на премиерот, вицепремиерите и министрите кои се дел и од Извршниот одбор на СДСМ ја одложуваат седницата на највисокото партиско тело кое треба да даде одговор на барањето на опозицијата за вонредни избори заедно со претседателските напролет.

Аналитичарите сметаат дека покрај државните обврски одложувањето на одлуката се должи и на разговорите што се водат внатре во владината коалиција, но и со претставниците на меѓународната заедница во земјава кои јасно порачаа дека фокусот да биде на реформите, а не на избори.

Доколку власта прифати предвремени избори заедно со претседателските Муслиу очекува дека со опозицијата лесно ќе се договорот околу роковите за формирање на техничка влада.

Опозицијата побара предвремени избори веднаш по изгласувањето на уставните измени со кои се имплементираше Договорот за промена на името. Вчера лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски изјави дека инсистираат на двојни избори и формирање техничка влада поради сомневања за изборни нерегуларности претседателските избори.

Инаку, претседателот на Собранието минатата недела рече дека го дава петок како краен рок партии да се изјаснат дали се за предвремени избори. Тој порача и дека нема да ја стави на дневен ред Иницијата на опозицијата за распуштање на Собранието без меѓупартиски договор за избори. Џафери претседателски избори најави дека ќе ги распише в петок осми февруари. Првиот круг би се одржат на 21-ви април, а вториот две недели подоцна на 4-ти мај пренесува канал5.

GOLD
To Top