Новости

Македонија

До 29 октомври продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава

Продолжен e рокот за поднесување ДДВ-04 пријава.

Информацијата ја соопштија надлежните од Управата за јавни приходи (УЈП). Оваа институција информираше дека поради отежнато поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци на 24 и 25 октомври оваа година, рокот за поднесување ДДВ-04 пријавата се продолжува.

Со тоа поднесувањето на ДДВ-пријавата се продолжува за два работни дена поради што за краен рок ќе се смета 29 октомври.

УЈП ја својата веб страница, потсети дека граѓаните треба да се регистрираат во неколку чекори на системот e-pdd.ujp.gov.mk, со што ќе биде на увид Годишната даночна пријава.

Заклучно со 12.10.2018 година во апликацијата „Е-персонален данок“ се регистрирале 36. 824 граѓани.

GOLD
To Top