Новости

Македонија

Дураки е и нов вицепремиер во владата

На денешната владина седница, екс-министрот за животна средина доби уште една функција. Садула Дураки, покрај тоа што ќе управува со новоформираното Министерството за политички систем, стана и вицепремиер.

Токму за Дураки беа најгласни шпекулациите дека ќе биде дел од метлата на Заев, но наместо разрешување, со реконструкцијата тој доби две нови функции. Најголем револт во јавноста предизвика неговата изјава како министер за животна средина, дека не се бави со граѓаните, а кога ја нашушти фукнцијата, се пофали дека оставил траен белег во заштитата на животната средина.

GOLD
To Top