Новости

Македонија

ЕК препорача Македонија да добие безусловна препорака

Безусловна препорака за Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската унија, препорача Европската комисија.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој го презентираше извештајот, потенцираше дека Македонија покажала успех во реформите.

„Комисијата ги награди реформските напори на Македонија и на Албанија и препорача почеток на преговори за членство. Реформските напори треба да продолжат и во иднина, посебно околу прашањата за јавната администрација, судските реформи и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Во однос на судството, важно ќе биде и оценувањето на судиите и обвинителите“, изјави Хан.

Според него, треба да се пофали она што е направено во изминатите месеци. Хан им честиташе на, како што рече, нивните партнери за напорите.

 

Студирајте на БАС
To Top