Новости

Македонија

ЕУ одлучи Македонија да започне преговори за членство во 2019 година

Советот на Европската Унија препорача условен датум за почеток на преговори на Македонија за членство во Унијата во јуни 2019 година. За да бидат отворени преговорите, Македонија мора да исполни четири услови: да ги спроведе итните реформски приоритети, да го спроведе договорот со Грција, да добие позитивен извештај од Европската Комисија и одлука од Советот на ЕУ.

 

Европскиот комесар за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, попладнево на Твитер изрази задовоство што Албанија и Македонија сепак ќе започнат пристапни преговори за членство во Унијата во јуни 2019 година.

 

– Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон прошитувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ, напиша Хан на Твитер.

Евротип
Евротип
To Top