Новости

Македонија

Еве како ќе се точат горивата од денес

Регулаторната комисија реши неделава цените на горивата да поскапат а како причина на тоа се наведуваат зголемените референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Почнувајќи од полноќ, цените на горивата поскапуваат до еден денар по литар.

Тоа значи дека возачите ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе точат за 68,5 ден/лит или поскапо за еден денар од минатата недела.

Од друга страна ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) бележат скок на цените за половина денар по литар.

ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за  70,5 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 63 ден/литар.

52 денари ќе чини пак Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Евротип
Евротип
To Top