Новости

Македонија

Еден загинат и петмина повредени во тешка сообраќајка кај росомански Камен Дол

Едно лице загина, а пет други се повредени утрово во тешка сообраќајка кај росоманското село Камен Дол, изјавија очевидци за МИА.

Според МВР, во несреќата учествувале патничко возило „Голф” со битолски ознаки и џип „Мерцедес” со велешки регистарски таблички.

Во полицијата сообраќајната незгода била пријавена во 9.50 минути.

Увидна екипа на МВР е на местото на несреќата.

Полицијата, како ни службата за Брза помош од Кавадарци, засега не се можност да дадат повеќе детали околу случајот.

GOLD
To Top