Новости

Македонија

Единаесет полицајци добија откази поради учество во „крвавиот четврток“

Единаесет припадници на Министерството за внатрешни работи добиле отказ во врска со насилствата во Собранието, кои се случија на 27 април, потврдија за МИА извори од МВР.

Дисциплинската постапка за 11 полицајци е завршена, а отказните решенија се потпишани во петокот.

Во тек се и други постапки за „кравиот четврток“, во кој беа повредени пратеници и новинари. За нив треба дополнително да бидат донесени дисциплински мерки.

На неодамнешниот брифинг кој министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го имаше со новинарите истакна дека засега суспендирени се 42 полицајци, а против 70 се водат дисциплински постапки.

GOLD
To Top