Претседателот на партијата и премиер Зоран Заев по седницата изјави дека до Собранието ќе достави предлог со новите имиња.

За заменик министер за образование и наука ќе биде предложена битолчанката Елизабета Наумовска.

Таа неодамна беше избрана за претседател на Комисијата за образование и наука во централата на партијата во Скопје.

Наумовска претходно беше член во истата комисија. Околу 10 години е Претседател на Комисијата за образование во битолската СДСМ.

Таа е професор по физика и магистер по човечки ресурси и  директор во СОУ „Таки Даскало“ во Битола.

Извор: ТВ Тера