Новости

Македонија

Жбогар: Нема политичка криза, институциите функционираат

Случајот „Рекет“ се трудам да го гледам од позитивна гледна точка и сметам дека овој случај покажува дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата, изјави шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Самоуел Жбогар.

Според амбасадорот Жбогар, видливо е дека се поставува судска пракса за борба против корупција на високо ниво и во таа смисла го поддржуваме Јавното обвинителство да биде поангажирано и да работи на вакви случаи.

-Во државата нема причини за политичка криза, институциите функцинираат, Јавното обвинителство е функционално, а функционира и Специјалното јавно обвинителство. Точно е дека специјалната јавна обвинителка Јанева даде оставка, тоа го имаме пред вид и сме свесни за тоа, но СЈО ќе продолжи да функционира до 15 септември, а дотогаш има доволно време за  политичките лидери да размислат на кој начин ќе продолжи работата на СЈО, а една од можностите е да биде интегрирано во рамки на општото јавно обивнителство и има време за да тоа се реши, порача амбасадорот  Жбогар од општина Новаци каде денес е во работна посета и на увид на проектите кои ги реализира тамошната локална самоуправа.

На прес конференцијата во Општина Новаци, амбасадорот Жбогар појасни дека зна е за многу шпекулации во однос на оставката на Јанева, но факт е рече тој, дека СЈО беше многу корисно и важно во својата работа и случаите што ги покрена, таму е концентрирана голема експертиза и знаење и сметам дека тоа знаење и понатаму треба да се користи

GOLD
To Top