Новости

Македонија

Забрана за давање на сторни фискални смети во ресторани и кладилници по 15 минути од издавањето

Доколку јадете во ресторан и не сте задоволни од напишаната фискална сметка или имате забелешки дека ви допишале некој котлет или пијалок кој не сте го испиле и не сакате да го палтите, реагирајте веднаш. По истекот на 15 минути од издавањето на сметката, нема да можетеда добиете сторна сметка, бидејќи на угостителот му се заканува глоба од 2.500 евра.

Според Законот за регистрирање на готовински плаќања строго се забранува издавање на сторна трансакција и тоа во угостителски објекти и обложуваници.

-Не е дозволено издавање сметка за сторна трансакција по истекот на 15 минути од издавањето на фискалната сметка во случај на вршење на промет на храна и пијалоци за конзумирање во рамки на објектот на давателот на услугата и приредување на игри на среќа во обложувалници уредени согласно со закон- дециден е Законот. Понатаму стои дека во случај на враќање на добро, при рекламација или при грешно преклопување (сторна трансакција) се издава документ касова сметка за сторна трансакција кон која треба да се приложи фискалната сметка која се сторнира.

-Во исто време не е дозволено издавање на документ касова сметка за сторна трансакција при продажба на нафтени деривати на мало и автотакси превоз- предвидува Законот за регистрирање на готовинско плаќање.

Според истиот глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на даночниот обврзник – правно лице и трговец поединец за сторен прекршок ако: издаде сметка која не ги содржи пропишаните елементи. Тој кон издадената сметка за сторна трансакција мора да ја приложи фискалната сметка која се сторнира (член 10 став 1)

Истата казна е предвидена доколку издаде документ касова сметка за сторна трансакција при продажба на нафтени деривати на мало и авто-такси превоз и не води итна сметководствена книга за извршениот промет на добра, односно на услуга пренесува 24инфо.

GOLD
To Top