Новости

Македонија

Заглавените туристи од скопскиот аеродром заминаа за Хургада

После неколкучасовно чекање на скопскиот аеродром, патниците кои цела ноќ ја минаа на аеродромот во Скопје чекајќи авион да одат на одмор во Хургада, полетаа до својата дестинација нешто после 10 часот, јавува МИА.

Авионот требало да полета 1 час по полноќ, но поради технички проблем компанијата „Онур ер“ им соопштила дека авионот е расипан и дека друг ќе дојде по нив. Меѓутоа до такво нешто немало во најавеното време, па од тука тие чекале уште некој час за да полетаат.

Конечно, после повеќе од 10 часа чекање, патниците полетаа за Египет.

GOLD
To Top